Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања
Министерството за економија и труд денеска додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ги врачи ваучерите, рече дека тие се доделени на граѓани кои ги исполниле условите и дека ваучерите се во висина од 18.000 денари.
- Решенијата за граѓаните кои аплицирале и ги исполниле условите согласно јавниот повик, се потпишани, согласно принципот „прв дојден, прв услужен“. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица, посочи Дурмиши.
Министерството за економија и труд ќе издава ваучерите согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. За оваа намена во Ребалансот на буџетот предвидени се 32 милиони денари.
Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.
Списокот на хотели и лица кои добија ваупчери може да се најде на веб-страницата на Mинистерството за економија.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори