-->
-->
Василиј Небензја е новиот постојан претставник на Русија во ОН
-->
Василиј Небензја е именуван за постојан претставник на Русија во ОН со указ од претседателот Владимир Путин, објави денеска Кремљ.
Со друг претседателски указ Небензја е повлечен од должноста заменик министер за надворешни работи.
На 25 мај Комисијата за надворешна политика при Државната дума ја поддржа кандидатурата на дипломатот, а на 29 мај е потврдена и од комисија при Советот на федерацијата.
Василиј Алексеевич Небензја е роден во 1962 година и имал различни должности во руското МНР, во руската амбасада во ОН и во други меѓународни организации во Женева.
Негов претходник на оваа функција беше Виталиј Чуркин, кој ненадејно почина во февруари годинава во Њујорк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч
-
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-
Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО
-
Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието