Василевска: Време е за оставки
Ќе даде ли конечно одговор генералниот секретар на владата на Република Македонија во врска со еден од најголемите корупциски скандали на оваа власт?
Докази и сомненија кои посочуваат за постоење на 7 милионската тендерска аванта за владиниот генерален секретар доаѓа од секој чекор. Ако авантата од 7 милиони која чувме од медиумите дека Рашковски ја договара не е точна зошто тогаш чекорите кои Рашковски ги договара по кои италијанската фирма го добила тендерот се вистинити. Зошто на снимката на Рашковски се договараат кои заклучоци ќе се донесат и доколку се провери дали навистина се донеле вистината е поразителна за оваа криминална власт. Рашковски на снимката договара заклучок кој владата навистина го донела за што потврдуваат овие документи, и оттука имаме 10 прашања коишто треба да ги одговори Драги Рашковски.
1. Зошто господине Рашковски манипулирате дека се работи за веќе договорен тендер, кога договорот е склучен на 14.12.2018 година, два дена по состанокот кај вас во влада?
2. Доколку како што велите господине Рашковски дека од менаџментот знаеле дека со италијанската компанија имале негативни искуства, зошто не го поништиле тендерот?
3. Дали гласот кој се слуша на снимката е ваш и дали се слушате како на претсавниците на италијанската компанија им велите дека тие се добитници, но дека имало проблем со процедурата?
4. Како е можно да биде доделен тендер на компанија со истечена тендерска документација?
5. Го повлековте ли господине Рашковски заклучокот на владата за кој претседтелот на М-НАВ ви укажува дека е спорен?
6. Кои закони и подзаконски акти Сугарески и неговиот шеф на кабинет ги испратиле во Собранието за изменување и што се требаше да се смени за да можете да го доделите тендерот на фирмата која посакувате?
7. Зошто го криете од компаниите учеснички на тендерот наодот на Бирото за судски вештачења?
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа

