Василевска: Рашковски повторно е фатен во скандал

Според објавата Драги Рашковски повторно е фатен во огромен скандал. Рашковски, иако знае дека не смее да разговара со Леонардо пред да биде доделена понудата наложува да се разговара со фирмата спротивно на законот, што може да се види и да се слушне од објавените аудио материјали.
„Единствено ќе разговараш за цената, а нема да разговараш за концептот“ – му наредува Рашковски на Климент Чепуњовски, стои во новата аудио снимка објавена во медиумите за набавка на 7 милионскиот АТМ систем за потребите на М-НАВ.
Што е тоа што во концептот е фиксирано, за кој не смее да се преговара? Дали нешто е однапред договорено од страна на Рашковски?
Според објавеното во медиумите Драги Рашковски усно му наредува на Чепуњовски да одлучи во врска со случајот.
Според слушнатото од аудио разговорот се наметнува уште едно прашање, што е предмет на истрага, а го прават лицата кои се предмет на аудио снимката? Признава ли Рашковски директно дека набавката е криминална и може да биде предмет на истрага?
Сметаме дека е крајно време е Јавното обвинителство да се заинтересира за овој случај со 7 милионската аванта која Драги Рашковски по насока од страна на Зоран Заев ја договара со фирмата Леонардо.
Јавното обвинителство треба да превземе итни и неодложни мерки за обезбедување присуство, како што е определување на мерката – притвор, со што ќе се спречи можноста Рашковски да се впушти во бегство, да го повтори делото или да влијае на сведоци, бидејќи за делото кое може да му се стави на товар е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.
Обвинителството треба дотолку повеќе да се позанимава со Рашковски, бидејќи во медиумите излегоа и обвинувања од страна на Ваљон Бела, поранешен директор на Клиничкиот центар – Скопје дека токму Рашковски зема мито за сите тендери на Клинички.
Почитуван, господин Љубомир Јовевски, Ве молиме надминете го стравот и постапете согласно закон, а не по налогот на Зоран Заев.
Исто така го повикуваме Зоран Заев конечно да собере храброст и да го разреши својот миленик Драги Рашковски од функцијата Генерален секретар на
Владата за тој да биде во можност да одговара пред институциите и пред правдата.
Време е за одговорност. Правото мора да се почитува. Право и правда за сите македонски граѓани, правда за македонскиот народ.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
