Василевска: Пописот нема да биде одраз на реалноста, туку на политички договор
Иванка Василевска, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ вели дека партијата чиј член е смета дека ова нема да претставува попис на резидентното население, оти тоа нема да биде реален статистички попис, туку реализација на политички договор помеѓу Зоран Заев и Али Ахмети, односно треба да донесе бенефит помеѓу коалициските партнери.
Заради тоа, рече таа, ВМРО-ДПМНЕ почна со собирање потписи и за неполни осум дена добивме поддршка од над 100.000 граѓани кои со име и презиме застанаа зад нашиот предлог. Со ова законско решение, рече таа, нема да се дојде до она што е и суштина на пописот и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за негово поништување.
-Потписите се нашиот ветер во грб бидејќи денеска во Собранието почнавме со собирање потписи од пратеници со кои ќе ставиме на седница да се стави закон за поништување на постоечкиот закон за попис. Тоа е она што го избравме како најдемократско средство, рече Василевска.
Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не смета дека бојкотот на пописот е добра опција.
-Зошто е сега небулозно да се повика на бојкот, бидејќи се работи за попис и попис е цивилизирана стандардна операција која би требало да одразува сосема други аспекти на внатрешната политичкото и општествено економското живеење на македонските граѓани и оние што живеаат тука извесен период, а не да одразува други политички импликации и промени, рече Василевска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не се залагале за бојкот.
Ново на Сител
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите наместа влажни