-->
-->
“Вашингтон Тајмс”: Бејли и неговите соработници веднаш треба да бидат разрешени, Тилерсон треба да почне да чисти
-->
Највлијателниот дневен весник во САД, кој што е близок дo Републиканците и Доналд Трамп во денешното издание побара итно разрешување на амбасадорот Џес Бејли, како и на неговите соработници во Амбасадата на САД.
Во текстот на Вашингтон Тајмс се нагласува дека “проблемот со Сорос метастазира како отровен карцином”.
-Веќе пишувавме како Џорџ Сорос се обидува преку Стејт Департментот да ја наметне својата волја во Албанија, но за жал проблемот метастазира како отровен рак и се заканува да ги уништи конзервативните влади низ целиот Балкан, пишува највлијателниот американски весник.
Весникот пишува декс Џес Бејли скандалозно потрошил милиони долари за да ја дестабилизира Владата на Македонија, во таен договор со милијардерот Сорос.
Според, „Вашингтон Тајмс“ последната суверена земја во која американскиот амбасадор ги пречекорил своите граници во помагањето на левицата е Македонија, каде конзервативците се во борба против, како што се нарекува, „армијата на Сорос“.
Весникот потсетува дека Џудишал Воч, една од најголемите американски организации кои се борат за транспарентност во работата на американските власти, соопшти дека покренала истрага за Стејт Департментот и УСАИД, по најавите дека американската Влада била вмешана и финансирала обид да се смени власта во Македонија.
„Вашингтон Тајмс“ додава дека соросовиот Стејт Департмент, може да игра улога ако левичарската Социјалдемократска партија, поддржана од сојузот на етничките Албанци, победи во борбата за власт која се води во моментов.
-Неколку американски конгресмени ја изразија својата загриженост во врска со кризата Македонија, но новото раководство во Стејт Департментот работите не ги движи брзо, пишува Вашингтон Тајмс и додава дека стратегијата на старата администрација на Обама е што е можно подолго да одложуваат агендата на Трамп да стапи на сила и да се намали конзервативнто движење во светот што е можно повеќе пред администрацијата целосно да се смени.
„Вашингтон Тајмс“ пипува дека Америка треба да се врати за да биде зрак на светлина и надеж во светот, а не брод за деструкција и уништување на општествата поттикнато од богатството на неколку манипулативни и идеолошки заведени мажи и жени.
-Дејствување е потребно во Македонија – Вчера!, пишува „Вашингтон Тајмс“.
Весникот ја заврсува сторијата за Сорос и Македонија со неколку прашања:
Зарем не видовме доволно корупција од Сорос низ целиот свет? Зарем не видовме доста војни? Зарем не видовме доволно деца што умираат? Семето за уште повеке страшни страдања е тоа што војската на Сорос сега го прави на Балканот и Источна Европа.
Целиот текст на „Вашингтон Тајмс“ може да го прочитате ТУКА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит