Свет
23. September 2022 - 21:32

Вашингтон пост: САД тивко ја предупредуваат Москва да не употреби нуклеарно оружје

САД веќе неколку месеци вршеле приватна комуникација со Москва со предупредување до руските лидери за тешките последици што следуваат доколку таа употреби нуклеарно оружје, соопшти денеска весникот Вашингтон пост.

Според извори на весникот, Администрацијатa на Бајден намерно давала општи предупредување за последиците од нуклеаренн напад, за Кремљ да има главоболки каков би бил одговорот на Вашингтон на таков напад.

-Обидите на Белата куќа да култивира она што во нуклеарното одвраќање се нарекува „стратешка нејаснотија“, доаѓаат во време кога Русија продолжува со ескалирачката реторика за можна употреба на нуклеарно оружје наспорти мобилизацијата дома, за да се запрат руските воените неуспеси на во истолна Украина, коментира весникот.

САД не откриваат каква е содржината на тие предупредувачки пораки, но факт е дека во изминатите месеци се ангажирани во постојана комуникација со Москва. Не се знае дали биле телеграфирани пораки и по најновата закана од претседателот Владимир Путин, кога најави „делумна“ мобилизација.

По почетокот на војната при крајот на февруари годинава Русија досега неколкупати се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје. Од Администрацијата велат дека иако во Кремљ не се срамат да врши нуклеарни уцени, засега не е забележано разместување на руски нуклеарни оружја за подотовка за неизбежен удар.

Завчера, после Путин, таква уцена испрати и Димитриј Меведев, шеф на Советот на безбедност во Кремљ. Во соопштение на својот Телеграм канал тој предупреди дека ако Запад не престане да ја снабдувате Украина со воена помош, Русија може да употреби најново „хиперзвучно“ оружје со цел да ја запре офанзивата и да ги замрзне придобивките на теренот.

Останува да се види дали ова сеуште останува блеф или тие навистина ќе го направат тоа. Путин во своето обраќање прецизираше дека „ние не блефираме“.

-Она што треба да се признае е дека ова е можеби најстрашната епизода во оваа војна, кога атомско оружје може да биде употребено, за првпат после многу децении. Последиците од дури и таканаречена „ограничена нуклеарна војна“ би биле апсолутно катстрофални, велат за весникот набљудувачите.