„Вашингтон пост“: Разузнавачки служби на САД и на Германија со години шпионирале земји преку фирма за кодирање

Тајните служби на САД и Германија со години шпионирале повеќе од сто земји преку швајцарска компанија специјализирана за кодирање, објави Вашингтон пост.
Компанијата „Крипто“ (Crypto AG) стана лидер на пазарот за кодирање опрема по Втората светска војна и до неодамна ја продаваше својата опрема во над 120 земји во вредност од милиони долари, се вели во истрагата на „Вашингтон пост“ спроведена заедно со германската телевизија ЗДФ и швајцарската радио телевизија СРФ.
Клиенти на компанијата биле и Иран, латиноамерикански воени хунти, Индија, Пакистан, па дури и Ватикан, според американскиот весник. Главните противници на САД за време на Студената војна, Советскиот сојуз и Кина никогаш не биле клиенти на Крипто.
Во 1970 година, компанијата Крипто беше тајно купена од Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), во партнерство со германската разузнавачка служба (БНД). Германското разузнавање излезе од таа сопственост во раните 90-ти, при што ЦИА го продаде Крипто во 2018 година.
Двете агенции за контраразузнавање ја инсталирале опремата на таа компанија за да можат лесно да ги пробиваат кодовите што ги користат земјите (клиенти) за да испраќаат кодирани пораки.
Тие на тој начин ја следеле заложничката криза во американската амбасада во Техеран во 1979 година, давале информации за аргентинската армија на ЛОндон за време на Фокландската војна, ги набудувале убиствата на диктатори од Јужна Америка и ги изненадија либиските претставници кои се поздравија по нападот во дискотека во Западен Берлин во 1986 година, кога двајца американски војници беа убиени, наведува „Вашингтон пост“.
Ниту ЦИА ниту БНД не сакаа да ја коментираат истрагата, но не ја негираа автентичноста на документите, пренесува „Вашингтон пост“.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
