Свет
13. March 2021 - 8:25

Вашингтон ќе побара од ЕУ дополнителни заеднички санкции против Русија

САД имаат намера да побараат од ЕУ да договорат дополнителни заеднички ограничувачки мерки против Русија, поради различните непријателски чекори што ги презема Москва, изјави денеска на брифинг со новинарите во Белата куќа, американскиот помошник на претседателот за национална безбедност, Џејк Саливан.

Според него, новиот американски претседател Џо Бајден ќе дејствува на овој начин.

– Ако ги погледнете Русија и Кина, тој (Бајден) започна да следи цврста линија во однос на Русија, вклучително и да соработува со Европејците, изјави советникот на американскиот лидер.

Саливан истакна дека Вашингтон има намера да ја „процени” Москва за ситуацијата со Алексеј Навални, како и да подготви „дополнителни одговори за други злонамерни активности”.