Вашингтон го повика Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни провокации

Северна Кореја тестираше две балистички ракети со краток дострел, објавија вчера јужнокорејски и американски официјални претставници.
Американскиот Стејт департмент го повика Пјонгјанг да се воздржи од понатамошни провокации и изрази надеж дека ќе продолжи со разговорите на работно кои прекинаа по неуспешниот самит во Ханој во февруари.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон сé уште гледа дипломатски пат напред и најави нови разговори „за неколку недели“.
– Сакаме дипломатијата да работи. Сакаме претседателот Ким да го исполни ветувањето што му го даде на претседателот Трамп, а тоа е дека тој ќе ја реши ситуацијата, рече тој во интервју за Блумберг.
Ракетните тестови на Северна Кореја не беа закана за САД и Јужна Кореја, се вели во соопштението на заедничката воена команда на двете земји.
Ракетата, која Северна Кореја ја тестирала вчера, летала на 600 километри и се верува дека е нов вид на оружје, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
