,,Вашата крв спасува живот”, прва крводарителска акција за 2020 година во Пехчево
Под мотото ,,Вашата крв спасува живот”, денес во Пехчево се спроведе првата крводарителска акција за 2020 година. Од Центарот за трансфузиологија од Штип, чиј медицински тим ја спроведе акцијата, информираа дека во рамки на денешниот ден, вкупно 40 крводарители подариле од животворната течност.
-Акцијата ја спроведуваме во соработка со Здравствениот дом во Пехчево и можам да кажам дека сме задоволни од денешшниот одзив на крводарителите од Малешевијата. Со подарени 40 крвни единици, жителите на Пехчево успешно ја започнаа годината, истакнаа штипските трансфузиолози.
Од Здравствен дом Пехчево додадоа дека на крајот на минатата година крводарителите од Пехчево подариле 200 крвни единици.
-Оваа бројка за нас како Здравствен дом е задоволувачка, ако се има предвид фактот дека станува збор за мала општина. Ако кон оваа бројка се додадат крводарувањата на нашите дарители кои поради работните обврски даруваат крв во Берово, тогаш бројката од 200 крвни единици е поголема, додадоа од пехчевскиот Здравствен дом.
Досега во општините од регионот, крводарителски акции во новата година се одржаа во Делчево и Пехчево, додека предвидени се и акции во општина Македонска Каменица и Берово.
Ново на Сител
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...