Варвициотис: Добар или лош, Договорот од Преспа е тој, времето не се враќа назад

На начинот на кој францускиот претседател Емануел Макрон политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за емисијата „Брејнсторминг“ на грчката телевизија „Aкцион 24“.
– Господинот Макрон го блокираше процесот на проширување, господинот Макрон не се занимаваше со Преспа, ова го велам бидејќи слушам различни противници на Договорот од Преспа. Господинот Макрон на начинот на кој политички управуваше со прашањето на Европскиот совет, во суштина се најде наспроти нашите национални интереси, објасни Варвициотис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на Договорот од Преспа, тој вели дека има „опашки“, но и истакнува дека „добар или лош, договорот е тој, времето не се враќа назад“.
Варвициотис коментира дека „е лудо“ тоа што Атина и Скопје се договорија за текст, а како „условеност е ставена Европската унија без да биде потписник“.
– Во член 1 параграф 10 и 11 се вели дека што се однесува до употребата на документите во внатрешноста, ќе постои преоден период од пет години, а во однос на новите документи овие ќе се менуваат со отворањето на поглавјата на пристапниот процес. Ова е јасно кажано и е грешка во договорот, грешка е. Тоа им да дава право на соседите да одлагаат, да не го спроведуваат она што требаше да го спроведат од 12 август, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија.
На прашањето што ќе се случи доколку на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ и не го почитува Договорот, Варвициотис вели дека тоа ќе ја одведе и Атина „кон поразличен став во рамките на Европската унија“.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
