Вархеји: Преговарачките рамки за Македонија и Албанија ќе се објават во јуни

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, попладнево пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент потврди дека извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан се одлагаат за септември, но не и преговарачките рамки за Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Веќе неколку дена се шпекулира во Брисел дека извештаите ќе бидат одложени за на есен, ова Вархеји го потврди денеска и нагласи дека фокусот на Европската Комисија е пред сѐ свртен кон Скопје и Тирана.
-Работиме деноноќно со Ковид-19 и со оглед на тоа дека е тешко да се предвиди каква ќе биде економската состојба, исто е тешко да се види како ќе се испорачаат реформите, затоа што, се разбира, Ковид-19 ја кочи работата. Сакаме да излеземе со суштински извештај, добар извештај кој ќе даде проценка за напредокот. Мојот фокус сега е повеќе на преговарачките рамки за двете земји, Македонија и Албанија. И тоа што можам да го кажам е дека овие ќе бидат објавени во јуни. И мислам дека ова е клучен дел за да го задржиме моментот што се создаде, изјави Вархеји пред европратениците.
Во однос на преговарачките рамки, тој посочи дека тие ќе бидат придружени од проценка за реформскиот напредок.
-Ќе излеземе наскоро и се надевам до септември, зависно од агендата, со вообичаениот пакет, пакетот за проширување. И се надевам исто да излеземе со планот за инвестиции и економски развој за Западниот Балкан во септември, изјави еврокомесарот за проширување.
Ново на Сител
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
-

ВЕЛИЧЕНСТВЕН ДЕН ВО ПАРИЗ: Осветен новиот иконостас и фрескопис во храмот „Св. Кирил и Методиј“
-

Мисајловски: Нашите македонски војници работат согласно највисоките НАТО стандарди
-

Сиљановска-Давкова од Криволак. Она што го прави НАТО со стандардите, да го прави ЕУ со Копенхашките критериуми, тие треба да важат за сите
-

Тошковски: Ќе се воведе ново овластување со кое полициски службеник да може веднаш да изрече итна мерка за жртвата на семејно насилство и сторителот да го отстрани од домот
-

Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
-

Јане Ченто: Пресудата за „27 април“ е донесена врз основа на монтирана постапка со притисоци врз сведоци
