„Вардарски пастуви“ утре премиерно во Театар Комедија
Претставата „Вардарски пастуви“, во продукција на Театар Комедија, а во режија на Синиша Евтимов премиерно ќе биде изведена утре.
Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Столе Мицов, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски и Јелена Жугиќ. Изборот на музика, превод, адаптација и режијата е на Синиша Евтимов, а кореографијата е на неговата сестра Саша Евтимова, која дебатира во театарска кореографија. Сценографијата е на Милан Несторов, а костимографијата е на Александар Ношпал.
Директорката на Тетар Комедија Јелена Жугиќ на денешната прес-конференција информира дека играат само мажи, Вардарски пастуви, комити кои на крајот од претствата, како што рече, во еден совршен танц од седум минути, ќе се соблечат до гола кожа и емотивно ќе се соголат. Претствата е наменета за публика над 17 години, пред се заради јазикот, а не голотијата.
Таа потсети дека претставата „Стјуардеси“ во режија на Синиша Евтимов, чија премиера беше во 2013 година, досега ја погледнале 22.150 лица. Со претставата гостувале низ цела држава и во Торонто.
На 27 март-Светскиот ден на театарот и четвртиот роденденот на Театар Комедија ќе биде премиерата на „Случките од Хармс“, во режија на Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина.
Режисерот Евтимов рече дека „Вардарски пастуви“ е според филмот „Фул Монти“ од Симон Буве и „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер и скопски урбани легенди.
- Не можам да кажам дека сум апсолутен автор на ова дело, но се работи за скопска приказна, напишана со скопски ликови во кои секој од нас може да се препознае и јазикот е скопски, рече Евтимов и додаде дека Театар Комедија има извонреден ансамбл.
„Вардарски пастуви“ е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината, како што рече, не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и фудбалот. Во момент на апатија и незаинтерсираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа-машки стриптиз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден