„Вардарски пастуви“ премиерно во Театар Комедија
Претставата „Вардарски пастуви“, во продукција на Театар Комедија, а во режија на Синиша Евтимов, вечер премиерно ќе биде изведена.
Во претставата играат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жарко Димоски, Илија Илиоски, Столе Мицов, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски и Јелена Жугиќ. Изборот на музика, превод, адаптација и режијата е на Синиша Евтимов, а кореографијата е на неговата сестра Саша Евтимова, која дебитира во театарска кореографија. Сценографијата е на Милан Несторов, а костимографијата е на Александар Ношпал.
„Вардарски пастуви“ е за скопска маалска банда која седи и не прави ништо. Нивното нефункционирање во средината не се должи на нивната неспособност, туку на нивната инертност и на тоа што не сакаат да се потрудат и да направат нешто повеќе со себе во животот. Се интересираат само за фудбалскиот клуб „Вардар“ и за фудбалот. Во момент на апатија и незаинтерсираност, во оглас во весник наоѓаат интересна понуда за работа-машки стриптиз.
Според директорката на Тетар Комедија Јелена Жугиќ, во претствата играат само мажи, вардарски пастуви, комити кои на крајот од претствата, како што рече, во еден совршен танц од седум минути, ќе се соблечат до гола кожа и емотивно ќе се соголат. Претставата е наменета за публика над 17 години, пред се заради јазикот, а не голотијата.
Режисерот Евтимов информира дека „Вардарски пастуви“ е според филмот „Фул Монти“ од Симон Буве и „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер и скопски урбани легенди.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април