-->
-->
Вардарки убедливо против Митјиланд до втората победа во ЛШ
-->
Ракометарките на Вардар ја остварија втората победа во Лигата на шампионките совладувајќи го данскиот тим Митјиланд.
Во натпревар од 3.коло на Лигата на шампионките одигран попладнево во Јане Сандански, македонскиот првак ЖРК Вардар славеше победа со 33-24 над Митјиланд и се проби на 1.место во Ц групата.
Уште од самиот старт вардарки покажаа дека ќе одат на полн плен, па веќе во 18.миинута имаа 7 голови предност 12:5, за на полувремето да заминат со позитива од +8 (16:8)
Во вториот дел црвено-црните имаа и највисоки 10 гола предност (22:12), по што дојде до опуштање во играта, но стекнатата предност знаеја како да ја сочуваат и на крајот да остварат победа со конечни 33-24 .
Најефикасна во редовите на нашиот шампион беше Андреа Пенезиќ со 10 гола, додека Јованка Радичевиќ постигна 6 , а Андреа Лекиќ 5 голови .
Во првиот меч од оваа група Ѓер очекувано славеше победа на гостувањето во Виена кај Хипо со 29-21. Па сега на табелата Вардар, Ѓер и Митјиланд имаат по 4 бодови, додека Хипо е без освоен бод.
Овие екипи меѓусебно ќе играат и во следното 4.коло кое на програмата е следната недела (8 ноември) и тоа во Данска и Унгарија.
Лига на шампионки
3.коло – Ц група
ЖРК Вардар – Митјиланд
Хипо – Ѓер 21-29
Табела:
1. ЖРК Вардар 2 (+8)
2. Митјиланд 4 (+17 гол)
3. Ѓер 4 (+8)
4. Хипо 0
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија