-->
-->
Вардарки понижени и декласирани од Букурешт
-->

Ракометарките на Вардар доживеаја дебакл во полуфиналето на Лигата на шампионките. Македонските шампионки беа декласирани од романската екипа Букурешт од која загубија со шест гола разлика 27:21 во полуфиналниот меч од Фајнал-форот во Будимпешта.
По водството од 1:0, вардарки имаа очајни 13-минути во продолжението, период во кој примија дури седум, а не постигнаа ниту еден гол, за негатива шест гола (7:1), а на полувремето заминаа со пет гола негатива 14:9. И наместо да се консолидираат редовите, во вториот дел црвено-црните одиграа уште полошо, па во еден момент на противникот му дозволија и двојно поголема предност 22:11. До крајот на натпреварот дебитантот на завршниот турнир рутинирано ја одржувате предноста и на крајот оствари заслужена победа со 27:21.
Јунак на оваа победа на Букуреш беше голманката Јелена Ѓрубишиќ со 19 одбрани, а во нападот Ана бело Родригес најефикасна со пет гола.
За макеоднските шампиони ова беше трета елиминација во полуфиналето на Фајнал-форот во ЛШ, турнир на кој утре против сеуште актуелниот шампион Будуќност ќе игра за бронзениот медал.
Во мечот за шампиинскиот трофеј Букурешт ќе игра со домаќинот Ѓер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
