-->
-->
Вардарки го добија првиот четвртфинален меч против Митјиланд во Лига на шампионките
-->

Ракометарките на Вардар го добија првиот меч против Митјиланд во рамките од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
На средбата одиграна попладнево во Данска, македонскиот првак славеше победа со 28-26 .
Две дијаметрално спротивни полувремиња одиграа ракометарките на Вардар. Во првиот дел беа оние кои доминираа па на паузата заминаа со предност од шест гола 18-12. Во второто полувреме црвено-црните имаа голем пад во играта особено во периодот од 48 до 55 минута кога домаќинките направија серија од 5:1 и се доближија на само еден гол негатива.
Сепак, во завршните прт минути вардарки не дозволија противникот комплетно да се врати во игра, па на крајот заслужено македонскиот првак славеше победа со 28-26 .
Најефикасна во редовите на Вардар беше Андреа Пеназиќ која средбата ја заврши со 7, додека Александра Лакрабер постигна 5 гола. На голот на вардарки одлична беше Амандин Лејно со 12 одбрани.
Покрај овој меч попладнево се одигра и средбата, Мец – Ѓер 32-31, додека вечерва ќе играат и Будуќност - Ларвик.
Потсетување дека својот прв четвртфинален меч пред два дена го одиграат ЦСМ Букурешт – Ференцварош, а заврши со победа на романската екипа (30-25).
Реванш четвртфиналните натпревари на програмата се на 15 април.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
