Loading Video...
Фудбал
30. August 2019 - 16:14

Вардар – Шкендија во осминафиналето на Купот на Македонија

Вардар – Шкендија е најинтересната двојка за осминафиналната рунда во фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Денешната ждрепка посака најголемите ривали последниве неколку сезони во мак-фудбалот да се сретнат уште во осминафиналето. 
 
Првиот дуел ќе се игра во Скопје, а реваншот е во Тетово. 
 
Бранителот на трофејот од лани, Академија Пандев за противник ќе го има  Осогово, додека финалистот Македонија ЃП власман во четвртфиналето ќе брка преку двомечот со штипска Брегалница
 
Интересни ќе бидат и дуелите меѓу Шкупи и Силекс, како и Пелистер и Работнички. 
 
Останатите три осминафинални парови се: Борец – Струга ТЛ,  Тиквеш – Ренова и Лабуништа – Охрид . 
 
Првите средби ќе се играат на 25. Септември, а реванш дуелите на 30.октомври.