-->
-->
Вардар прв финалист на турнирот „Вардар 2015“
-->

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар се првите финалисти на турнирот на кои се и организатори „Вардар 2015“. Во дуелот од 2.коло го победија тимот на Чеховски Медведи со 40:32. Најефикасен на дуелот беше Дејан Манасков со 7 голови, а по пет постигнаа Тоскиќ и Карачиќ.
Вардар утре е слободен и во четврток ќе игра во финалето против првопласираниот од групата Б.
Во А групата утре ќе играат: Чеховски Медведи и Нексе.
Во првиот натпревар од денешната програма Металург и Краснодар одиграа нерешено 27:27. Металург ја испушти предноста од 26:21 од финишот на дуелот. Јанко Божовиќ со 9 голови беше најпрецизен кај Металург.
Утре во дуел за првото место во групата ќе играат Кристијанштад и Краснодар.
фото: www.rkvardar.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
