-->
-->
Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-->

Вардар ја победи АП Брера попладнево на гостувањето во Струмица во 14. коло на Првата македонска фудбалска лига.
Головите ги постигнаа Михаил Талевски и Димитар Тодоровски, двата во второто полувреме.
Натпреварот се одигра во лоши услови, по тежок терен поради обилните дождови што ја зафатија земјава.
Првиот натпревар од ова коло се одигра вчера, Силекс ја победи Македонија ЃП на гости со 2:1.
Утре играат Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија.
Средбата Шкупи – Пелистер е одложена поради потопен терен на стадионот во Струга.
Во понеделник ќе се соочат Работнички и Струга ТЛ.
Лидер на табелата е Вардар со 36, по него следуваат Струга ТЛ со 32 и Шкендија со 30 бодови.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
