-->
-->
Вардар не успеа да му ја одземе титулата на Веспрем во СЕХА лигата
-->
Унгарскиот првак Веспрем ја одбрани титулата во регионалната ракометна СЕХА лига.
На завршниот турнир во Вараждин, Веспрпем вечерва во финалето го победни македонскиот шампион Вардар со 28:26 со што унгарската екипа по втор пат во низа стана регионален шампион.
Најефикасен на натпреварот беше Момир Илиќ со седум погодоци, но најдобриот ракометар на Веспрем поради повреда го напушти вториот дел, па останува да видиме дали се работи за нешто посериозно, со оглед на тоа дека следуваат нови натпревари против унгарскиот тим.
Лука Циндриќ со 5 голови беше најефикасен кај Вардар, по четири постигнаа Душебаев и Дибиров. Арпад Штербик имаше девет одбрани.
Инаку овие две екипи ги очекуваат и два меѓусебни меча во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Во дуелот за 3.место одигран претходно Загреб го победи Мешков Брест со 24:23.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штети во Свети Николе и Неготино поради невреме, четири пожари на отворено, известува ЦУК
-
Израел планира да ја користи сателитската интернет услуга Старлинк во случај на конфликт со Хезболах
-
Министерот Муцунски ја продолжува посетата на Брисел со средби со претставници на ЕУ
-
Промоција на нов електронски дневник за работа на училиштата
-
ХРТ: Се е подготвено за воведување задолжителен воен рок
-
Американскиот суд го ослободи Асанж по спогодбата за признавање вина
-
Русија и Украина разменија по 90 затвореници
-
Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и силен ветер