-->
-->
Вардар ја прекина соработката со Индира Кастратовиќ
-->

По натпреварот од првото коло во Б групата од лигата на шампионите клубот реши да ја прекине соработката со тренерот на првиот тим Индира Кастратовиќ, информираат од редовите на црвено-црните преку соопшението објавено на официјалната интернет страна на кубот.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение:
„На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв. На натпреварот од Б групата од ЛШ, во првото коло Вардар одигра нерешено, 27-27 со ФТЦ Будимпешта.
Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.
Кастратовиќ во Вардар беше од есента 2012 година, и со екипата четирипати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Трипати игравме на завршниот Ф4 турнир во ЛШ, и го освојувавме третото место.
Клубот е среќен што овој период соработуваше со тренер кој остави белег на патот до трите бронзени медали од Ф4 турнирите во лигата на шампионите.
Вардар сезонава по четвртипат игра во групната фаза од лигата на шампионите, и сме во група со екипите на ФТЦ Будимпешта, Астраханочка и Лајпциг. Во следното, второ коло од група Б на 21 октомври во Скопје доаѓа тимот на Лајпциг. На 29 октомври гостуваме кај Астраханочка, а потоа на 5 ноември се домаќини на рускиот првак“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
