Ракомет
26. March 2016 - 19:46

Вардар избори 1/4 финале во ЛШ

Тешка победа на македонскиот првак Вардар во реваншот од 1/8 финалето во ЛШ против Висла Плок од 25-24 со што избори учество во 1/4 финалето  каде ќе игра против унгарскиот тим Веспрем. 

Мечот беше повеќе од драматичен а во еден момент во вториот дел гостите имаа предност од 3 гола но Вардар успеа да направи пресврт со серија од 4-0. Сепак во 53м Висла Плок водеше со 24-23 за да бравурозните одбрани на Штербик донесат пресврт и победа. 
Тоскиќ го заврши мечот со осум гола од осум обиди, по четири постигнаа Карачиќ и Душебаев а Арпад Штербик имаше 17 одбрани. Во гостинската екипа Житников остана на седум гола, а голманите Коралес и Вихари одбранија четири од седумте вардарови седмерци. Првиот застана на 11 одбрани, а вториот само на двата пенала.
 
Вардар ќе игра четврт-финале против Веспрем, прво во Скопје, во периодот од 20 до 24 април, а потоа и на гости, од 27 април до 1 мај.