-->
-->
Вардар избегна пораз во 92м
-->
Фудбалерите на Вардар успеаја да се спасат од пораз во Штип со голот на Џигаури во 92м.
Брегалница по негативата од 2-1 во првиот дел успеа да направи целосен пресврт и да обезбеди водство од 3-2.
Кога се очекуваше крај на мечот Џигаури ги постави конечните 3-3 на мечот на кој имаше и три исклучувања, Ранѓеловиќ и Коцев кај домашните и Фелипе кај гостите од Скопје.
Интересно е што Вардар водеше со 2-0 со головите на Велковски и Блажевски од пенал.
Потоа главниот судија Марјан Гоцевски досуди два удари од белата точка за Брегалница кои успешно ги реализира капитенот Здравков за израмнување на 2-2. Водство за „сините“ донесе искусниот Ристе Наумов за да на крајот Џигаури израмни на конечни 3-3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
