Вардар испадна без пораз од АПОЕЛ

Македонскиот шампион, екипата на Вардар, не успеа да се пласира во следното коло од квалификациите за Лигата на шампиони, откако одигра нерешено 1:1со кипарски АПОЕЛ. Исто така и првиот меч во Кипар заврши нерешено 0:0, но АПОЕЛ оди понатаму заради гол постигнат во гости.
Натпреварот започна резервирано од двете страни со блага иницијатива на АПОЕЛ, но и Вардар имаше свои минути, но сепак на полувреме се отиде со почетниот резултат.
Второто полувреме започна со иницијатива на Вардар, но сепак во 60 минута поведоа гостите со голот на Томас де Винсенти. До крајот АПОЕЛ ја контролираше играта, а Вардар успеа да го израмни резултатот во судиското продолжение со голот на Љамчевски.
Вардар мечот го одигра во следниов состав: Пачовски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Мијушковиќ, Попов, Велковски (64’ Стојков), Глигоров, Грозданоски (70’ Љамчевски), Фелипе, Дашјан (79’ Ивановски), Блажевски.
На националната арена „Филип Втори“ имаше повеќе од 20 000 гледачи.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
