Фудбал
24. July 2023 - 19:55
Вардар и Воска добија рок до среда за прволигашки лиценци
Ќе стартува ли новото домашно првенство со 10 прволигаши. На потег се Вардар и Воска Спорт кои добија рок од ФФМ до среда да ја достават комплетната документација за да бидат лиценцирани за новата сезона.
Нови проблеми во македонскиот фудбал на кој му се заканува намалување на клубовите во прволигашката конкуренција како и минатата сезона кога Ренова се откажа од настапот во елитната конкуренција.
Пред нов предизвик се новите прволигаши Вардар и Воска Спорт кои се уште ја немаа доставена комплетната документација за добивање лиценца.
Црвено – црните од поодамна се со блокирана жиро сметка и за мошне краток рок ќе мора да ја достават и ревизијата од ланската сезона која требаше да ја изготви поранешниот сопственик Слободан Крстевски.
За Воска Спорт проблем е трансформацијата бидејќи во Првата МФЛ можат да настапуваат само акционерски друштва додека клубот од Охрид се уште функционира како здружение на граѓани.
Доколку двата клуба не го фатат последниот рок тогаш Првата лига ќе се игра со 10 екипи. До петок најверојатно ФФМ ќе направи и извлекување натпреварувачките броеви и ќе биде познат календарот за новата сезона.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->