-->
-->
Вардар и Работнички го отвораат 7-коло од ракометниот плејоф
-->
Со дуелот во кој актуелниот шампион Вардар ќе биде домаќин на Работнички денеска ќе биде отворено 7.коло во плејоф конкуренцијата во ракометното првенство на Македонија.
Вардарци кои досега имаат максимални шест победи на исто толку одиграни натпревари, важат за апсолутни фаворити во дуелот со екипата која досега нема освоено ниту еден бод во плејоф разигрувањето.
Натпреварат, Вардар – Работнички ќе се игра попладнево од 13 часот во СЦ „Јане Сандански’’
Останатите два натпревари од ова коло ќе се играат утре (сабота), а двојките се, Охрид – Металург и Прилеп - Макс Струмица.
Табела: Вардар 18 бодови (6 натпревари), Металург 15 (6), Макс Струмица 12 (6) Прилеп 6 (6) Охрид 3 (6) и Работнички 0 (6).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите