-->
-->
Вардар ги пушти во продажба билетите за четвртфиналните средби од ЛШ
-->
Од денеска почнува продажбата на билети за натпреварите на Вардар во машка и женска конкуренција во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Откако заврши приоритетната замена на сезонските картички со билети, сите слободни места во салата се понудени на продажба, поединечно за двата натпревари.
Продажбата на билети за четврт-финалето на ЛШ ќе се врши преку мрежата на www.ticketplus.mk, или на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.
Женската екипа на Вардар во четврт-финалето се среќава со дански Митјиланд, а вториот меч се игра во Скопје на 15 април во 17:30 часот.
Машката екипа на Вардар, се уште го чека својот противник во четвртфиналето, а тоа ќе биде победникот од дуелот меѓу Флензбург и Мешков Брест. Вториот меч од четврт-финалето Вардар ќе го игра во Скопје во периодот од 26 до 30 април.
Цени на билети:
РК Вардар:
А блок - 600 денари
Централни - 500 денари
Позади гол - 400 денари
Стоење - 200 денари
ЖРК Вардар:
А блок - 300 денари
Централни - 200 денари
Позади гол - 150 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“