-->
-->
Вардар дефинитивно нема да игра во ЛШ!
-->
По точно една деценија македонскиот ракометен гигант Вардар нема да биде дел од ЛШ откако денеска ЕХФ го исклучи и официјално од елитното европско натпреварување.
Она што се навестуваше претходните неколку дена денеска и официјално потврдено од европската федерација која поради финансиски долгови му изрече забрана на Вардар да учествува во групната фаза од ЛШ.
Останува прашањето дали по 10 години Македонија дефинитивно ќе остане без загарантирано место во елитата.
Според шпанскиот весник Марка , ЕХФ во наредните два дена ќе донесе одлука дали Еурофарм Пелистер ќе игра на местото на Вардар како вицешампион или пак метото же го добие хрватскиот Загреб. Третата опција според Марка е да се додели вајлд карта на екипите што ќе аплицираат.
Нема дилеми дека ова е тежок удар за Вардар како двократен европски шампион но и за македонскиот ракомет. Црвено – црните се исправени пред тешки моменти кои можат да го загрозат и опстанокот на клубот бидејќи ангажираните ракометари се потенцијал за ЛШ и тешко дека би продолжиле да играат само во домашното првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Социјалните работници ги нема во институциите
-
Охрид со бројните цркви е привлечен за туристите
-
Трогателен хуман гест на 18 годишниот Андреј О. Зрновци
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници