Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
Со гол во последната секунда ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Битола над Еурофарм Пелистер со 35-34 (17-16) во рамки на 5 коло во плејофот и го презедоа од актуелниот шампион водството на табелата во македонската Супер лига.
Во исклучително квалитетен и драматичен натпревар, Вардар 1961 водеше од самиот почеток, но до победата дојде дури во последната секунда, кога при резултат 34-34, прецизен беше Дмитро Горига.
Младен Крсманчиќ со 11 голови беше најефикасен во редовите на Вардар 1961, а по седум постигнаа Горига и Вуко Борозан.
Во редовите на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Дејан Манасков со десет голови.
Со вечерашниот триумф во големото макеоднско дерби, прв на гостувањето во Битола по пауза од три години, ракометарите на Вардар 1961 го презедоа првото место на табелата со 12 бодови, еден повеќе од Еурофарм Пелистер на пет кола до крајот на сезоната во која во последното коло двата претенденти за шампионската титула ќе играат на теренот на „црвено - црните“ во Скопје на 8 јуни.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак