-->
-->
Ванкувер: Пресечен кабелот на жичарница, паднале 30 кабини
-->
Повеќе десетици кабини на жичарница во близина на Ванкувер паднале на земја откако бил пресечен кабелот кој ги носи гондолите, соопшти канадската полиција, сомневајќи се дека станува збор за вандалски чин.
Нема повредени лица, бидејќи жичарницата „Си ту скај“ во времето кога се случил инцидентот, околу 04,30 часот по локално време, не работела, објави Си Ен Ен.
– Сметаме дека каблите се пресечени и дека станува збор за намерен вандалски чин, изјави претставничката на полицијата Кара Триенс.
Телевизијата Си Би Ес наведува дека паднале речиси сите 30 кабини, чија намена е на туристите да им го долови од воздух изгледот на тој дел од Британска Колумбија и бројните водопади.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел