Ванковска ја собира последната илјадарка - Јакимовски бара уште 2.000 потписи
Нешто под 1.000 потписи и фалат на професорката Билјана Ванковска за да стигне до бројката од 10.000 и да се вклучи во претседателската трка. Според информациите од ДИК, таа заклучно со вчерашниот пресек, односно до 20 часот вчера имала собрано 9.085 потписи.
Добро напредува и Стевчо Јакимовски. Тој до вчера според податоците од ДИК собрал 6.462 потписи но веројатно тука не се вкалкулирани потписите собрани на нотар, а Јакимовски ги има прилично многу па вкупната бројка му стига до 8.048 како што и самиот објави на социјалните мрежи.
Од останатите кандидати речиси никој нема шанси да добие кандидатура ако продолжи со ова темпо. Единствен над 1.000 е докторот Вело Марковски кој има 1.077 а Мерсиха Самиловиќ има 977. Останатите кандидати се со под 500 потписи.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност