Ванхојте: Обвинителите да се остават да ја вршат својата работа за случајот „Рекет“

Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше ангажиран во процесот на преговори за Договорот од Пржино, излезе со реакција за случајот на Јавното обвинителство „Рекет“.
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека што и да се случило во Канцеларијата на специјалниот јавен обвинител, важно е да се запрат сите шпекулации и да им се дозволи на обвинителите да ја вршат својата работа.
Ванхојте повикува дека доколку се утврди дека имало злоупотреба на моќта, луѓето што биле вмешани во тоа, треба да се осудат, но најпрвин да се запрат шпекулациите.
– Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова наеднаш излегува на површината? Кој стои зад тоа? Дали Катица Јанева допре до некои луѓе кои веруваа дека се недопирливи и се над законот? Како одговор на ова „во чиј интерес е ова да се случува“, можев да обезбедам долга листа имиња, но тоа нема да и помогне на земјата да тргне напред, напиша Ванхојте на Фејсбук.
Оценува дека една работа е јасна, а тоа е дека политичарите повторно ја збркаа работата и наместо да гарантираат непристрасно и независно судство, политичарите од сите партии продолжија со нивните лични борби и заборавија, како што рече, на правилната имплентација на основните демократски принципи, како што е поделба на моќта и потребата од независно судство.
– Тоа докажува дека има уште многу пат да се изоди. Можам само да се надевам дека граѓанското општество повторно ќе се разбуди и ќе бара да бидат почитувани демократските вредности, дури и од страна на политичарите. И најпосле, што и да се случи, истрагите со прислушуваните разговори мора да продолжат. Тоа е товар од минатото, но никој не треба да заборави што се случи, и оние кои беа вклучени во тоа, вклучувајќи го и Груевски, се соодветно судени и на крајот и осудени.
-И ЕУ и Орбан треба да бидат свесни дека никој не може да даде азил на ваква личност, и во исто време да бара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Затоа и ова треба да се исправи!, напиша Ванхојте на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
-

Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото
-

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
