Ванг Ји: Односите меѓу Кина и САД би можеле да се вратат на вистински пат
Односите меѓу Кина и САД се наоѓаат на крстосница и би можеле да се вратат на вистински пат по периодите кои ги обележаа проблеми, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.
Ванг на брифинг со новинарите на државната агенција Синхуа и други кинески медиуми истакна дека американската политика им наштетила на односите меѓу двете држави, но и на светот.
– Но сега се појави можност двете страни да отворат нов прозорец на надеж и да почнат нова рунда дијалози, додаде Ванг.
Тој ги повика САД да го почитуваат општествениот систем и развојниот пат кој го избрала Кина, нагласувајќи дека доколку Вашингтон го прифати тоа, тогаш споровите меѓу двете земји би можеле да се решат.
Шефот на кинеската дипломатија истакна пред новинарите дека кинеско-руските односи го издржале тестот на пандемијата на коронавирусот во 2020 година и се на историски највисоко ниво.
– Односите меѓу двете земји се на историски највисоко ниво. Претстојната година ќе биде посебно важна за кинеско-руските односи. Двете држави влегуваат во нова фаза на развој. Нема крај за кинеско-руската стратешка соработка, не постојат граници, изјави Ванг.
Ново на Сител
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата