-->
-->
Вандализам во Прилеп: Уништен еден од видиковците на Марковите Кули
-->

Непознати сторители ноќеска уништиле еден од двата изградени летниковци (видиковци) на локалитетот „Маркови Кули“, поставени неодамна во рамките на проектот „Маркови Кули – заштита и делување“, реагиран од прилепската локална самоуправа. Случајот е пријавен во полицијата.
Општината и прилепскиот „Институт за старословенска култура“ го осудуваат овој, како што велат, вандалски чин и апелираат да не се случуват вакви разурнувања.
Општината и Институтот се реализатори на проектот „Маркови Кули – заштита и делување“ во чии рамки, покрај изградбата на двата видиковци, беа изработени и поставени патокази, информативни табли, информативна точка, брошури и веб-страница за туристичката атрактивност на комплесот „Маркови кули“ кој претендира да биде на постојаната листа на УНЕСКО.
Надлежните апелираат до сите кои имаат сознанија за овој вандалски чин или пак, за сторителите, да пријават во полицијата.
Од локалната самоуправа нагласуваат дека споменикот на природата и на културата, Марковите Кули, е место каде што се развива рекреативниот и активен туризам, и каде што се одржуваат спортски настани и активности: пешачење, болдеринг, параглајдерство, ултрамаратон, итн, зголемениот обем на посетители и развојот на туризмот, па неминовно овој локалитет предизвикува да биде изложен на неконтролираната експлоатација и деградацијата, преку штетни човечки практики. Се апелира на зголемена граѓанска свест за чување и добро однесување со општите добра.
Институтот за старословенска култура во соработка со Општината ќе организира серија на информативно-едукативни средби со граѓаните за мотивирање на населението и на корисниците на просторот, да најдат свој интерес и да учествуваат во неговата заштита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата
-

Премиерот Мицкоски телефонски со Срдановиќ: „Верувам дека добрите меѓудржавни односи ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“
-

Политико: На Франција и се заканува должничка криза, социјални немири и политичка неизвесност
-

Европскиот печат за изборите во Србија: Победата на студентите е шлаканица за Путин, но и за европските лидери
-

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за стабилизирање на добрососедските односи
-

Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција
-

МЗ: Континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија, се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Косово
