Ван Ромпој: Без влез во ЕУ можна е граѓанска војна на територија на поранешна Југославија
Поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман Ван Ромпој во емисија на Франс 24 предупреди дека се можни немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Херман Ван Ромпој, кој е поранешен премиер на Белгија и претходник на Донал Туск во Европскиот совет, во интервју за француската телевизија беше прашан за отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската комисија да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија.
- Одамна се зборува за „замор“, но, знаете, станува збор за мир на Западен Балкан. Европската унија е мировен проект и доколку земјите од поранешна Југославија не станат дел од европското семејство, на еден или друг начин, некои како членки, а други преку придружни договори, тогаш граѓанска војна може повторно да избие во тие земји, одговори Ван Ромпој.
Ново на Сител
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички
-
Распустот за основците и средношколците во Србија од 24 декември до 20 јануари
-
ВЛЕН: Со ДУИ нон грата, здраството беше во „клиничка смрт“
-
Обвинителството нема кривично да го гони Дрин Ахмети, количината на пиротехниката не била голема
-
Полска го повика унгарскиот амбасадор поради азил за поранешниот министер
-
Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца
-
Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства