Валверде има големи очекувања од новите засилувања

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изјави дека има големи очекувања од новите засилувања Нето, Антоан Гризман и Френки де Јонг.
– Тоа се три важни засилувања. Секој од нив е важен на свој начин. И ние очекуваме многу од нив. Тие се свесни дека нашите навивачи се возбудени и желбата ни е новите да се воиграат брзо со тимот, изјави Валверде.
За Де Јонг, стручњакот смета дека одиграл на високо ниво во последниве години.
– Тој забележа одлична сезона, како и Ајакс. Ние се надеваме дека тој ќе ни даде свежина и енергија во средината на теренот, што ќе биде добро за нас. Ние градиме и иднина, а пред него има многу години фудбал. Тој е квалитетен фудбалер и ние сме свесни дека неговиот стил е погоден за Барса, вели Валверде.
Според тренерот, оваа летна подготовка на тимот ќе биде различна од останатите, бидејќи имаат помалку време за подговотвки.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
