Валентин Манасиевски: Студентскиот дом „Стив Наумов“ оставен без парно греење
Во текот на вчерашниот ден студентите од „Стив Наумов“ на овие ладни температури беа оставени без парно греење. Системот за греење откажа откако пукнаа цевките, по што вода се разлеваше низ ходниците на студентскиот дом, а студентите смрзнуваа цела ноќ.
Студентските домови се руина, а студентите се оставени сами на себе да живеат во нехуманите услови. Не само што состојбата не се подобрува, туку условите никогаш не биле полоши. Мувлосана храна, ладна вода за капење, без струја, без греење, ужасни санитарни јазли, расипани лифтови и тон ѓубре се слика од секојдневието во студентските домови.
Владата покажа колку и се важни студентите и условите во коишто живеат со ребалансот на буџетот со кој скрати дури 100 милиони евра предвидени за изградба и реконструкција на студентски домови. Студентскиот стандард и условите во коишто живеат студентите за власта беа уште една изборна измама. Да потсетиме дека Владата во јуни годинава донесе одлука за итна реконструкција на „Стив Наумов“, па му требаше 4 месеци на директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски да изработи техничка документација за санација. Па шест месеци подоцна повторно прашуваме: До каде се новите лифтови, до каде е решението за новите тоалети, до каде е репарацијата на кровот на „Стив Наумов“? До каде е обезбедувањето на човечки услови во домовите?
Наместо студентски град и хумани услови за живот, имаме влада којашто „ЌЕ“ изгради, „ЌЕ“ реновира, „ЌЕ“ санира и „ЌЕ“ обезбеди услови за подобар живот на студентите.
Неспособноста на студентските челници оди дотаму што важно за нив е само нивниот кариезирам, а не обезбедувањето на човечки услови во студентски домови. Функционерите од власта, доколку еден ден поминат во студентскиот дом „Стив Наумов“, ќе сфатат зошто над 70% од младите си заминуваат.
Студентските домови не блескаат туку тонат во мизерија. Блескаат само лагите за студентските градови кои власта велеше дека ќе ги гради во Скопје, Штип, Битола и Тетово. Со лагите што блескаат и мизерниот живот на македонскиот студент нема да се вратат младите. Напротив тие заминуваат во се поголем број, затоа што власта не успеа да обезбеди човечки услови во студентските домови и подобрување на студентскиот стандард.
Со промена на власта, студентите ќе го добијат заслужениот достоинствен стандард.
Ново на Сител
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување