Валентин Груевски избран за претседател на Советот на општина Битола
Советот на општина Битола го избра Валентин Груевски за нов претседател на Советот.
Одлуката е донесена со мнозинство гласови од советниците на СДСМ и Коалицијата, советниците од коалицијата „Поинаку“ и еден советник кој ја претставува коалицијата на ДУИ во Битола или вкупно 20 советници дадоа поддршка, додека против гласаа 11 советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.
Валентин Груевски беше член и во претходниот состав на Советот на општина Битола, професионални вработен во ЈП „Пазари“-Битола, и е актуелен претседател на општинската организација на Либерално демократската партија.
- Советот на општина Битола ќе биде отворен за соработка со сите граѓани, апелирам советниците да бидат чесни во својата работа и да ги следат интересите на градот. Советот на општина Битола нема да биде затворен круг во кој ќе си зборуваме сами со себе туку напротив ќе зборуваме за проблемите на граѓаните за да ги решаваме. Советот ќе биде коректив но и поддршка и затоа во мандатот што ни е доверен ќе барам посветеност од секој избран член на општинскиот Совет, посочи Груевски.
Ново на Сител
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје