Валандовчани бараат построги мерки за заштита од коронавирусот
Жителите на општина Валандово по вчерашната десетта жртва од Ковид-19 и деветте новозаболени од завчера на дневно ниво, денеска го кренаа гласот и бараат од надлежните построги мерките со намалување на работото време на рестораните и кафичите, како и со продолжување на полицискиот час за да се оневозможи собирањето на младите.
Неповолната епидемиолошка состојба, за која локалниот доктор по општа медицина, Кирчо Стојчевски вели дека е најсилниот удар на пандемијата со кој се соочуваат валандовчани од нејзиниот почеток, го натера да се огласи и тој до надлежните во општината.
-Одложете ги сите неважни активности во наредниот период од две недели, затоа што сега е повеќе од важно да ги зачуваме здравствените капацитети. Не сме и ние град со неограничени ресурси, порача д-р Стојчевски.
Тој нагласи дека во 2020 година бројот на пневмонии во Валандово бил зголемен за 20 пати во однос на 2019 година,што е најдобар показател за присутноста на корона вирусот во општина Валандово.
-Од 48 рентгенографии во 2019 година само шест биле со наод на бронхопневмонија, а изминатава година од 212 рентгенографии нешто повеќе од половината или дури 115 биле со наод на бронхопневмонија, рече Стојчевски.
Посочи дека покрај ова до крајот на 2020 година четири од пет матични лекари го прележале вирусот на кој позитивни биле и повеќе од 50 отсто од здравствените работници од Валандово.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
