Ваква гостинка не би сакале дома да ви влезе

Една од најопасните отровници во светот е црната мамба, која живее на подрачјето на Субсахарска Африка, главно во источниот дел на континентот.
Екипа на „Нешанл Џиографик“ го сними Ник Еванс, член на организацијата „Ква Зулу Натал за зачувување на водоземците и влекачите“, како фаќа една од овие змии, која се провлекла во куќа во јужноафриканскиот град Дурбан.
Видеото го прикажува Еванс како со помош на „маша“ ја вади змијата од под комодата за телевизорот, потоа ја насочува кон кутијата, за на крајот да ја фати со голи раце. Во почетокот земијата е мирна, но набрзо станува многу вознемирена и секако опасна.
- Ако има можност, мамбата попрво ќе побегне отколку да се бори. Во ситуација кога ќе се соочи со закана, таа „потсвирнува“ и ги покажува забите. Јас живеам за вакви моменти, изјави Еванс за „Нешанл Џиографик“.
Змијата е долга 2,5 метри, а Еванс имал среќа затоа што помина без повреди. На змијата, која исто така помина без повреди, набрзо и е врагден чип и е пуштена во дивината.
Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
