Вакцината против корона вирусот ќе пристигне најмалку за една година

Развојот на вакцината против новиот тип на коронавирус ќе трае најмалку една година, соопшти синоќа Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).
Бројот на пацинети заразени со вирусот во Кина до вчера нарасна на 517, а 17 лица досега починаа, соопштија вчера кинеските здравствени власти.
Директорот на ГАВИ, Сет Беркли, изјави дека стручњаците не знаат доволно за епидемиологијата на новата болест за во овој момент да може квалитетно да се процени ризикот од неа.
-Добрата вест е дека сите научници веќе го секевенционираа и објавија геномот на вирусот, што овозможи неколку организации во светот да почнат да работат на вакцината, рече Беркли за агнецијата ДПА.
Вакцините што штитеа од коронавируси е многу поедноставно да се развијат од оние за болестите како маларија или ХИВ, додаде тој.
Беркли кажа дека, сепак, „ќе требаат месеци пред да се спроведат вистински клинички испитувања и најмалку една година пред вакцината да може да биде достапна за употреба.
ГАВИ е непрофитно партнерство кое соработува со владите, деловните луѓе, Светската банка, хуманитарните организации и невладини организации за да ги исполни целите за вакцинирање.
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
-

Ангелов: Изби пожар во борова шума над филтер станицата во Штип, на терен интервенираат пожарникари и доброволци
-

Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи
-

Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања - првпат извршена во Македонија
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
