Вајгл: Тензиите му штетат на регионот и неговата европска перспектива
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент и член на Делегацијата за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Србија, Иво Вајгл, денеска предупреди дека тензиите на Балканот нанесуваат штета на регионот и на перспективата на процесот на проширување на ЕУ.
- Во овој момент, во многу земји членки, можеме да видиме зголемено колебање кога станува збор за процесот на проширување и фокусирање на консолидација на Унијата, која е погодена од Брегзит, финансиската и бегалската криза. Нешто најнепродуктивно што можат земјите-кандидати да направат е да ги зголемат меѓусебните тензии и да се свртат кон традиционалната нетрпеливост, заснована на историски или псеудоисториски прашања, изјави Вајгл за Танјуг, по повод политичко-дипломатскиот спор меѓу Белград и Скопје.
Тој инсистира дека доколку регионот сака да ја задржи перспективата за проширување жива, мора да се претстави како хомоген, привлечен како пазар, но и доверлив партнер, кој ќе претставува додадена вредност на европската стабилност и безбедност.
- Тензиите, полемиките и повикувањето на старите мешунационални расправи се опасни и штетни за сите земји кои во нив учествуваат. Би било корисно кога лидерите на Балканот би биле свесни кога влегуваат во радикални вербални конфликти со соседите, истакна Вајгл, во изјавата за Танјуг.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот