-->
-->
В сабота ќе биде одбележана 151 година од раѓањето на Гоце Делчев
-->
Во чест на 151-годишнина од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност Гоце Делчев, в сабота повеќе делегации ќе положат цвеќе во црквата „Св. Спас“ во Скопје.Како што соопшти владината прес-служба, цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев ќе положи претседателот Стево Пендаровски.
Цвеќе ќе положи и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој ќе биде придружуван од првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.
Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
