„В џеб, ако нема каде друго!“ - акција за чистење на Градскиот парк во Скопје
Група млади луѓе, организирани од Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, денеска ќе спроведе акција на чистење од отпадоци во Градскиот парк во Скопје, под мотото „В џеб, ако нема каде друго!“. Акцијата ќе почне во 17 часот, а собирно место е Фонтаната во Градскиот парк.
Организаторите ги повикуваат граѓаните на Скопје да се приклучат на акцијата. Неколку формални и неформални групи, како и поединци, веќе најавиле дека ќе бидат дел од акцијата.
Ова ќе биде првата од планираните седум акции за чистење на разни делови на Скопје и околината, во наредните седум месеци.
Со оваа акција започнува втората фаза на Преоктот „В џеб, ако нема каде друго!“. Првата се реализираше на Водно во текот на минатата година.
Покрај расчистувањето на локациите, акцијата има за цел и да ја подигне јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи маици со слоганот „В џеб, ако нема каде друго!“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.
Проектот „В џеб, ако нема каде друго! е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, што ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени