Уживајте во топлото време, од среда нови временски неприлики

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, која во наредните денови ќе предизвика претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни подрачја од дожд и снег.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови. Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.
Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
