Ужасно: Наместо пот и капе крв - девојка крвари со години, а кога е под стрес уште полошо е
Италијанските доктори хоспитализираа 21-годишна девојка на која и течело крв од дланките и лицето, без знаци за повреда на кожата, објави списанието на канадското медицинско здружение.
Пациентката изјави дека веќе 3 години има проблем со тоа, а не се знаат причините. Таа нагласи дек „крвопролевањето“ трае меѓу една и пет минути. Притоа стресот го засилува.
Девојката соопшти дека морала социјално да се изолира што ја засилува нејзината депресија и паничното нарушување.
Лекарите дошле до заклучок дека девојката страда од хематидрозма - ретка болест која предизвикува потта да се меша со крвта и да излегува од кожата.
Болеста е предизвикана со оштетување на крвните садови.
На пациентката и се препишани лекови за јакнење на крвните садови и намалување на стресот, што ќе и помогне за сузбивање на симптомите, но нема да ја излечи од крварењето.
Ново на Сител
-
Истражување: Половина од граѓаните се подготвени да посегнат по насилство за да се заштитат себе и семејството
-
Комората на трговци бара итна средба со Владата, предупредува дека ограничувањето на маржите ќе предизвика затворање на маркетите и отпуштање вработени
-
Маж си ги убил 13-годишниот син и поранешната сопруга во БиХ
-
По 17 години расчистен случај на кражба на банка во Атина со одземени над четири милиони евра
-
Вашингтон пост: Претставници на Белата куќа размислуваат за намалување на буџетот на федералните агенции од 30 до 40 проценти
-
Шолц: Не смее да има наметнат мир во Украина, какво било решение мора да ја вклучи Америка
-
Две лица осомничени за над 10 кражби приведени во Тетово
-
Писториус: Русија ќе остане закана за европската безбедност дури и ако се постигне мир во Украина