Ужасна глетка во Охридско езеро: Водата побеле од огромна количина мртви риби

Во Студенчишкиот канал во Охрид тони плашица се гуши поради недостаток на вода и кислород. Еден дел од каналот кај Билјанини Извори е побелен од мртва риба, а некои граѓани ја црпат плашицата од водата.
-Ова е резултат на временски неприлики. Дожд нема заврнато четири месеци. Секнаа сите дотоци на вода во каптажата кај Билјанини Извори. Ние ја запревме и водата во базените каде што одгледуваме млади пастрмки за да има вода во каналот, но и тоа не помогна. Сега и нашата пастрмка мораме да ја спасуваме, вели познатиот охридски биолог д-р Гоце Костоски, пренесе СДК.
Биолозите велат дека каналот побелел од крлушките, кои им отпаѓаат на плашиците кои се борат за воздух.
-Досега не сум видел ваква појава, но ова го очекувавме. Јас овде ловам плашица секој ден. Гледате, водата во каналот побеле. Плашицата се распаѓа поради недостаток на воздух. Уште вчера забележав дека оваа вкусна риба престана да ги јаде мамките на јадиците. Беше вознемирена, гледав како без причина големи јата пливаат од едниот до другиот брег, вели долгогодишен спортски риболовец.
Вода во Студенчишкиот канал нема доволно и по исклучувањето на пумпите кои црпеа вода за пиење за охриѓани од каптажата над Билјанини Извори. Од „Водовод” велат дека постапиле според препораките на локалната власт за намалување на количините на вода за потребите на градскиот водовод.
Се проценува дека во моментов во Студенчишкиот канал има шеесетина тони плашица. Подолго време секнати се и познатите Билјанини Извори.
Извор и фото: СДК
Ново на Сител
-

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
