Ужас во Русија: Тинејџер со секира искасапи 6 ученици, потоа го запали училиштето и се обиде да се самоубие
Во напад во училиштето во село Соснови Бор во руската република Бурјатија утрово се ранети шест деца и жена, а истражителите соопштија дека тинејџерот кој ги нападна ученциите со секира делувал самостојно и се наоѓа во болница откако се обидел да се самоубие.
-Ранети се седум деца: шест ученици и жена, рече во руската агенција шефот на Регионалниот центар за лекарска помош во вонредни ситуации во Бурјатија Вјачеслав Тимкин.
Се наведува, според првичните информации, дека ученик во 9. одделение во тоа училиште со секира нападнал ученици и потоа го запалил училиштето со помош на запалена боца.
-Според истрагата, утврдено е дека напаѓачот делувал самостојно. Тој е притворен и моментално се наоѓа во болница, бидејќи се обидел да изврши самоубиство, изјави претставничката на Истражниот комитет на Русија Светлана Петренко.
Ново на Сител
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови